Бајага прими вакцина против корона: „Се чувствувам лошо“

Бајага прими вакцина против корона: „Се чувствувам лошо“

пред 3 години

Српскиот пејач Момчило Бајагиќ Бајага не се чувствува добро откако прими вакцина против Ковид-19, пренесуваат српските медиуми. Тој не дал детали за неговата моментална здравствена состојба.

„Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција“, рекол Бајага.

Претходно, Павле Зелиќ, кој е дел од Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија изјавил дека реакциите на сите вакцини против корона се нормални и очекувани, и се појавуваат исто како и по секоја друга примена вакцина. Тој нагласил дека ниедна од вакцините до сега не покажала големи несакани реакции и дека во Србија никој не е примен во болница како резултат на влошено здравје по примената вакцина.

 

Share
Scroll to Top