Пејачката Бијонсе ја започна нејзината концертна турнеја, за време на настапот во Стохолм таа сменила неколку костими, а највпечатлив била шарениот фустан кој повеќе откривал отколку што покривал.
Фустанот со долги ракави допирал до половина на нејзиниот грб. Пејачката носела шарени металик чизми со потпетици кои ги искомбинирала со мрежести чорапи.
Металниот коњ по име Reneigh стана симбол на промо материјалот на новиот албум, а дел од концертниот спектакл беа роботски раце кои танцуваа и фустаните ја менуваа бојата со УВ светлина. Исто така, на видео екранот можеа да се видат визуелни слики на луѓе кои танцуваат во клубови, славејќи ја геј и транс заедницата и споменот на нејзиниот вујко Џони.
Ова е деветта концертна турнеја на светската дива, а таа ќе ги обиколи големите европски градови до крајот на јуни. Влезниците за првиот концерт се распродадени за само неколку минути. На почетокот на 2023 година, Бијонсе ја најави турнејата „Ренесанса“.