Биља Крстиќ со Бистрик Оркестар ќе имаат концерт во Скопје

Биља Крстиќ со Бистрик Оркестар ќе имаат концерт во Скопје

пред 2 години

Балканската етно дива Биља Крстиќ ќе има концерт во Скопје. После подолго време таа ќе настапи во Скопје заедно со својот Бистрик Оркестар ќе ги отпеат најубавите балкански извори песни.

Концертот ќе се одржи на 12-ти мај во Македонската филхармонија.

Уникатниот и единствен вокал на Биља Крстиќ се слуша повеќе од 50 години, на почетокот во „Сунцокрет“ на Бора Ѓорѓевиќ, потоа и во „Рани Мраз“ на Ѓорѓе Балашевиќ. Во осумдесетите години започна соло кариера а подоцна навлезе во етно светот и ги изведе најубавите етно композиции од овие простори.

Ја нарекуваат балкански славеј, настапувала на сите континенти, беше членка и на “Mediterraneo Orchestra”, ансамбл составен од 25 врвни музичари од целиот свет.
Нејзините албуми ги издаваат познати светки дискографски куќи.

Македонската публика ја памети по песните од филмот „Зона Замфирова“. но и по маестрално отпеаните „Јовано Јованке“ и „Јано мори“. Во Скопје ќе одржи само еден концерт, а влезниците се веќе во продажба по многу достапна цена од 700 денари. Можат да се набават на линкот https://bileti.mk/e/bilja.

Концертот на Биља Крстиќ и Бистрик Оркестар е во рамки на четвртото издание на Скопски Градски Фестивал.

Share
Scroll to Top