Голманот Борко Ристовски вторпат стана татко, доби ќерка која ќе се вика Анастасија. По веста дека пак станал татако тој сега објави и први фотографии од ќерката. Голманот за „Репортер“ откри дека породувањето поминало во најдобар ред, а дека неговата сопруга Нина и бебето се чувствуваат добро.
„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија. Нина се чувствува одлично. И таа и бебето се добри, а јас и Душан сме пресреќни. Анастасија има 4230 грама и е долга 53 сантиметри“, рече Борко за „Репортер“.
Анастасија е второ дете на Борко и Нина. Тие веќе го имаат синот Душан, кој наскоро ќе полни пет години, а името го носи по таткото на голманот.