Бразилка уапсена со лажен труднички стомак-лубеница, полна со кокаин

Бразилка уапсена со лажен труднички стомак-лубеница, полна со кокаин

пред 3 години

Жена во Бразил е уапсена во Сао Паоло, откако било откриено дека имала лажен труднички стомак, кој бил лубеница во која биле сокриени околу три килограми кокаин. Неименуваната жена, според полицијата, се качила на автобус за Рио де Жанеиро со лубеницата полна со дрога и се обидела да се претстави како да е во поодмината бременост.

Полицијата добила дојава дека некој пренесува дрога во автобусот, по што ја претресле и жената и ја откриле нејзината „маска“.

Бразил во последните години израсна во еден од главните снабдувачи со кокаин на европскиот пазар, а се верува дека организираните банди кои работат со дрогата се инфилтрирани во пристаништата, од каде кокаинот се испорачува кон Европа. Според бразилските власти, бизнисот со кокаин во Бразил се проценува на околу 10 милијарди долари годишно.

Share
Scroll to Top