Бредли Купер се заљуби во Џиџи Хадид

Бредли Купер се заљуби во Џиџи Хадид

пред 1 година

Поранешниот сопруг на Ирина Шајк, Бредли Купер е заљубен во Џиџи Хадид, пренесоа светските медиуми. Познатиот заводник е дури 20 години постар од манекенката која важи за една од најуспешните во својот бизнис исто како и нејзината постара колешка Русинката Ирина Шајк.

Двајцата се фотографирани за време на романтична вечера, во ресторанот Виа Карота во Њујорк. Џиџи пред неколку месеци ја прекина врската со пријателот на Бредли, Леонардо ди Каприо.

Пријателството датира од нивните дваесетти години, кога Бредли работел во хотелот „Морганс“ како портир и бил на услуга на Лео за сместување во хотелска соба. Ди Каприо веќе беше мега популарен во тоа време, откако го сними познатиот „Титаник“.

Ова не е прв пат партнерите да „делат“ љубов за исти дами, бидејќи Ди Каприо во април беше фотографиран во друштво на Ирина Шајк, со која уживаше на познатиот фестивал „Коачела“.

Ирина и Бредли беа заедно од 2015 до 2019 година. Во март 2017 година ја добија ќерката Леа де Сена.

Share
Scroll to Top