Британска двојка за време на одморот на грчкиот остров Крит е обвинета дека ручала во најмалку три ресторани без да ја плати сметката. Идентитетот не им е објавен, а наводно јаделе и пиеле во најмалку три ресторани во различни денови во селото Кутулуфари на северот од островот.
Сметката не ја платиле откако почнале да се жалат на квалитетот на храната.
„Последната локација на која се наоѓаа беше ресторанот Ariadni Apartments“, пренесе „Дејли мејл“.
Фотографија од двајцата ја објави на „Фејсбук еден од келнерите, предупредувајќи ги локалните ресторани да внимаваат на нив. Рече дека тоа им било тактика што веќе им успеала во три објекти. Многумина се бесни поради нивното однесување.
Еден во коментар напишал дека бил во истиот ресторан кога се случил инцидентот ѝ верувал дека парот е од Ливерпул, додека друг тврди дека седел спроти нив и од акцентот заклучил дека се од Лондон.
Марк Флин поранешен вработен во британското Министерство за одбрана, кој живее на Крит 16 години, ги обвини дека ја искористиле љубезноста на Грците. За британски весник рече дека повеќето ресторани во Грција избегнуваат да преземаат драстични мерки кога ќе се случи таков инцидент.
„Претпочитаат да заборават на тоа, бидејќи повеќето од нивните клиенти се чесни луѓе. Но, оваа двојка веројатно се извлече откако го направи истото во три таверни“, рече тој.