Васил Хаџиманов јавно се закани на сите што обајвија дека татко му Зафир починал по вакцината

Васил Хаџиманов јавно се закани на сите што обајвија дека татко му Зафир починал по вакцината

пред 4 години

Откако пејачот и актер Зафир Хаџиманов почина минатиот викенд, неговиот син Васил, јавно реагираше на коментарите што ги прочитал на социјалните мрежи за смртта на неговиот татко. Тој вели дека прочитал многу невкусни коментари за вакцината против короната, и дека е лут што луѓето се обиделе да докажат дека вакцината е неефикасна, иако неговиот татко ја примил само првата доза. Васил пишува и дека Зафир долги години има срцеви проблеми, па не можел да се избори со короната со само една доза од вакцината.

„На сите болни луѓе кои овде оставаат срамни коментари, им порачувам дека мојот татко умре од последиците на вирусот Ковид-19. Како тежок срцев болен, не можеше да ги издржи последиците на вирусот. Се вакцинираше еднаш, а кога вие би знаеле нешто било подалеку од вашиот газ, ќе знаете и дека не е доволно за заштита од овој страшен вирус. Ако видам уште еден сличен коментар тука или каде било, лично ќе се погрижам да ве најдам и да ве научам како да се однесувате и што да не пишувате на ѕидот на еден покојник. Засрамете се,“ напиша Васил.

За потсетување, легендарниот музичар и актер Зафир Хаџиманов, почина на 77 години од корона. По неговата смрт, синот Васил, познат џез-музичар, напиша:

„Големото срце на мојот татко Зафир не успеа да победи во битката со оваа грозна болест. Зад себе остави вистинско богатство, од песните кои така мајсторски лесно ги пееше, преку своите многубројни и разновидни композиции, книгите поезија и проза, па сè до ненадминливите улоги во театарот и на филм“.

„Беше врвен шмекер со непобедлив дух“: Васил Хаџиманов емотивен по смртта на татко му Зафир

Share
Scroll to Top