За време на финалниот натпревар меѓу Англија и Италија, на Вембли се случија голем број инциденти. Дестици навивачи ја пробиле оградата пред лондонскиот стадион „Вембли“ во обид без влезници да влезат на вечерашниот финален натпревар на Евро 2020 меѓу Англија и Италија.
На едно од видеата кои беа објавени, се гледа како неколку Англичани се обиделе насилно да дојдат до билет претепувајќи едно момче. Тие го шутираат по главата и телото, додека тоа ги моли да престанат.
This is one of the reasons why the whole world wanted #Italy to win
Such uncivilized behaviors #Euro2020Final #ItalyVsEngFinal #ItalyEngland #EURO2020 pic.twitter.com/2ZOiRSWVJ9— Talha Hashmi (@THHehehe) July 11, 2021
За време на финалниот натпревар на Европското првенство меѓу Англија и Италија, на Вембли, голем број од домашните навивачи ги тепаа Италијанците, пренесуваат медиумите.
Англиските хулигани се тепаа со Италијанците пред еден од влезовите на стадионот, за место на трибините. Светските медиуми пренесуваат дека комплетно потфрлило обезбедувањето на стадионот, кое не успеало да ги спречи инцидентите.
Италија ја победи Англија во финалето со 3:2 на пенали откако во регуларнито дел и по продолженијата од двапати по 15 минути мечот заврши нерешено 1:1.
How does this happen at a major international final?!#Euro2020Final #EURO2020 #ENG pic.twitter.com/3aW9lqBZEc
— Off The Ball (@offtheball) July 11, 2021