(Видео) „Болни сцени за да се гледа до крај“ -Македонски модели во котроверзна реклама за ПЕТА на Модната недела во Њујорк

(Видео) „Болни сцени за да се гледа до крај“ -Македонски модели во котроверзна реклама за ПЕТА на Модната недела во Њујорк

пред 3 години

Дваесет македонски модели од агенцијата „Моделс ИН“ снимија реклама за Модната недела во Њујорк во соработка со ПЕТА, светската организација што се бори за правата на животните и е против носењето облека од природна кожа и крзно. Меѓу моделите во рекламата се и сопствениците на „Моделс ИН“, Надица Георгиева и Алек Наумовски. Рекламата ја режираше Срѓан Јанаќиевиќ, во продукција на маркетинг агенцијата „Њу момент“.

Поттикнати од видеото на Синтија Никсон, Ba a Lady They Said, ПЕТА сними видео насловено Be a Sweater They Said, во кое како наратор се појавува Лиса Ланг, потпретседателката на оваа организација. Со видеото тие велат дека сакаат да ја покажат суровата страна на модната индустрија и убивањето животни за да се произведе облека.

Рекламата предизвика бурни реакции во јавноста и заради пораката што ја испраќа и поради сцените во кои е прикажано како се убиваат животни. Во разговор за „Репортер“, Алек Наумовски ни кажа дека рекламата ја снимале лани во декември на неколку локации во Скопје. Тој иако е презадоволен од крајниот резултат, не можел да ги изгледа сите сцени во видеото, бидејќи и самиот е поборник за правата на животните, па сцените, вели дека му биле болни и страшни.

На прашањето како дошло до соработката со ПЕТА, која е светска организација, Алек ни кажа дека таа се случила преку агенцијата „Њу момент“.

„Пред неколку месеци ме исконтактира продуцент Михало Цветанов и побара 20 модели со интернационална кариера што веќе работеле на големи и значајни проекти. Организиравме кастинг, на кој присуствуваше и режисерот Срѓан Јанаќиевиќ. Сите материјали од моделите тие потоа ги испратија во Америка, а од ПЕТА ги избраа лицата што се појавија во рекламата, 13 девојки и 5 машки модели“, ни кажа Алек.

Тој вели дека ПЕТА сакала рекламата да се сними во земја во источна Европа и дека проектот бил понуден на неколку држави. На крајот најмногу им се допаднала идејата што ја понудила македонската агенција.

„’Њу момнет’ веќе имаат добиено многу награди за реклами и краткометражни филмови. Затоа и знаев дека ова видео ќе ја постиге целта. Режисерот прецизно ни даваше насоки за работа, а дизајнерките Розе Трајчевска и Лидија Георгиева направија огромен избор на уникатни парчиња облека за снимањето. Моделите беа професионални и во ниеден момент не се пожалија, иако снимавме три дена без престан“, вели Алек и додава дека е пресреќен што слушнал многу пофалби за моделите.

„Реакциите се одлични, а луѓето ми велат дека помислиле дека во рекламата има и странски модели и дека сето тоа делува светски, што за мене е огромен комплимент. Ние ангажиравме два интернационални модели, кои се дел од ‘Моделс ИН’, да дојдат од странство за снимањето на рекламата, но останатите се Македонци кои работат во странство и не се многу познати кај нас“, додава тој.

А. Јовановска

Share
Scroll to Top