(Видео) Велешкиот клупски состав „КГБ“ преработи хит на „Ју-Ту“

(Видео) Велешкиот клупски состав „КГБ“ преработи хит на „Ју-Ту“

пред 3 години

Роберт Трајков, член на првиот велешки клупски рок состав „КГБ“, заедно со неговиот брат Игор и браќата Тодор и Бојан Тодорови, ја преработија култната песна Onе на ирскиот бенд U2. Видеото за песна го снимија онлајн, на три локации, во Македонија, Германија и Канада.

„Случајно тајмингот се поклопи со празниците, па со песната сакаме да испратиме позитивна порака до сите, посебно до оние кои поради моменталните услови не можат да се видат со своите блиски“, вели Роберт.

Тој додава и дека е посебно среќен што иако оддалечени, четворицата музичари успеале да се спојат за да ја направат песната.

Share
Scroll to Top