(Видео) Вилијам и Кејт првапт на црвниот тепих откако почна пандемијата

(Видео) Вилијам и Кејт првапт на црвниот тепих откако почна пандемијата

пред 4 години

Вилијам и Кејт првпат јавно се појавија на црвениот килим во петокот вечерта со своите деца, принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2).

Кралските деца дојдоа во лондонскиот Паладиум за да ја гледаат пантомимската претстава Pantoland.  Вилијам ја изрази својата тага за смртта на легендарната британска актерка со благородна титула „дама“, Барбара Виндзор, која почина во четвртокот на 83-годишна возраст.
„Пред да продолжиме, сакам да застанам за момент и да оддадам почит на нашето национално богатство, Лејди Барбара Виндзор, која, на наше огромно жалење, почина синоќа. Таа беше гигант на светот на забавата и легенда на пантомимата низ целата земја, вклучувајќи ја и оваа сцена. Знам дека страшно ќе ни недостасува на сите„, рекол тој.

Бидејќи претставата била замислена како благодарност до сите оние кои придонесуваат во тешките периоди на пандемијата, принцот Вилијам исто така се осврнал и на нив.
– Работници во заедницата, волонтери, наставници, лекари, итни работници и војска, истражувачи кои работат на развој на вакцини, луѓе кои им помагаат на бездомници, диспечери во клучните центри за повици, вработени во хуманитарни организации, сите вие ​​дадовте се од себе оваа година и направивте неопислива жртва за време на пандемијата – рекол членот на кралското семејство.

 

 

Share
Scroll to Top