Вил Смит, за првпат се огласи на „Инстаграм“ по скандалот на Оскарите и шлаканицата на Крис Рок. Холивудскиот глумец објави видео и рече дека ќе се обиде да се врати на социјалнтие мрежи по инцидентот на годинашните Оскари.
Смит објави видео со бебе горила кое му додева на многу поголемо горило, така што нежно го допира нејзиниот задник.
„Јас кога се обидувам да се вратим на социјалнтие мрежи“, рече Вил Смит.
Видеото за кратко време собра повеќе од 1,5 милиони лајкови и ги насмеа неговите обожаватели.
„Ни недостигаш, врати се, те сакаме“, биле само дел од коментарите на фановите.
За потсетување, Вил Смит и Џејда неодамна за првпат беа видени заедно во јавност по скандалот на доделувањето на Оскарите.