Италијанскиот гинеколог Џовани Миниело (60) од Бари, си поднел оставка откако телевизиските камери го снимиле полугол во хотелска соба, откако на една од неговите пациентки ѝ понудил да имаат секс велејќи и дека на тој начин ќе ја излечи.
Миниело бил на мета на телевизијата La Lene. Кај него се обратила една гледачка Ана Марија (33). Таа рекла дека не може да забремени, па побрала помош од лекарот. Тој и рекол дека има HPV ивус, иако тестот бил негативен.
„Имам спасено многу жени од рак“, и рекол Миниело.
Ана Марија тврди дека за време на прегледот тој недолично ја допирал по градите и и кажувал дека сака жени со мали гради. Кога ги добила резултатите од тестот, тој и предложил да имаат сексуален однос. Ана се обратила до луѓето во емисијата, кој најмиле глумица.
Таа требало да се претстави како пациентка која Минело требало да ја излечи. Докторот и на неа и рекол дека има HPV вирус, по што и предложил да имаат секс. Тој и кажал дека сексот со него, како човек кој бил вакциниран, би можел да и пружи имунитет.
Глумицата се согласила да се најдат во хотел. Кога го прашала дали ќе користи заштита, тој и одговорил дека тоа е бесмислено, затоа што во тој случај немала да ги добие потребните антитела. Кога помислил дека планот му успеал, во собата влегла телевизиската екипа.
„Јас го рабовам ова поради моите истражувања и луѓето кои сум ги спасил. Низ 40 години кариера, успешно сум излекувал стотина жени, само сум им предложил алтернативни методи кои ветуваат резултати“, рече тој и додаде дека никогаш не ги приморувал жените на секс.
По емитувањето на епизодата, се јавиле уште 15 жени кои тврделе дека биле негови жртви. Обвинителството во Бари веднаш покренало истрага за целиот случај.