(Видео) Дац и Александар пееја песни од „Тома“ за Шербеџија и Мариќ: журка во Драмски како во старите времиња

(Видео) Дац и Александар пееја песни од „Тома“ за Шербеџија и Мариќ: журка во Драмски како во старите времиња

пред 2 години

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац во петокот направија фешта во бифето на Драмски, заедно со актерите Раде Шербеџија и Милан Мариќ. Популарните глумци беа во Скопје да ја одиграат претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ со која почна фестивалот „Рута Триглав“ во Драмски театар.

dobivaj vesti na viber

По претставата се собраа во бифето на театарот. Додека глумците уживаа во македонското вино, Дац и Александар ја запеаја песната „Полноќ“ од филмот „Тома“, а им се придружи Милан, кој го глуми Тома Здравковиќ во филмот за легендарниот српски музичар.

Видеото од забавата Дац и Александар го објавија на Фејсбук.

„После прекрасната претстава се случи журка како во старите добри времиња“, напишаа тие.

Share
Scroll to Top