Британскиот музичар Ед Ширан ги изненади фановите откако се појави во трговски во Минесота и на благајната им продаваше лего коцки. Носеше сина маица и жолта прекривка, а на продавачите им помогна во продажбата и на фановите им ги покажуваше популарните лего коцки.
На крајот се сликаше и им делеше автограми, а работниот ден во трговскиот го заврши со настап и ја испеа Lego House. Следниот ден го одржа вториот концерт во државата.