(Видео) Загрепчани му ја исполнија желбата на Балашевиќ: Испишаа „беќарац“ на кирилица на „Илица“

пред 3 години

Граѓаните на Загреб синоќа на централниот плоштад во Загреб се собраа да му ја одадат последна почест на легендарниот југословенски пејач Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од последиците на корона вирусот.

Тие му ја испочитуваа неговата желба испеана во една од неговите песни и на улицата „Илица“, која минува низ центарот на Загреб, напишаа „бечарац“ на кирилица.

„Да ми је још једаред прочи Илицом, па да бечарац нашврљам чирилицом“, пееше Балашевиќ во песната „Стих на асфалту“.

За потсетување, синоќа голем број луѓе се собраа и на плоштадот во Нови САД и пред неговиот дом и палејќи свеќи и положувајќи букет цвеќиња ги пееја неговите песни.

Share
Scroll to Top