(Видео) Илија Несторовски по голот за Македонија рече дека пцовките биле за оние кои му се заканувале

(Видео) Илија Несторовски по голот за Македонија рече дека пцовките биле за оние кои му се заканувале

пред 3 години

Македонија вчера го победи, Лихтенштајн со 5:0, а стрелецот на последниот гол, Илија Несторовски, кој го постигна својот јубилеен 10-ти погодок за репрезентацијата, место со задоволство и радост, прослави со пцовки во една од камерите.

Потоа се оправда дека немал ништо против македонската јавност, туку дека сакал да им испрати порака на три лица кои му се заканувале на него и на неговото семејство.

„Навредата беше наменета за три лица кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, напиша Несторовски на социјалните мрежи.

Напаѓачот во изминатите натпревари играше во лоша форма и беше мета на критики, а сега многумина коментираат на социјалните мрежи и бараат соодветна казна.

Селекторот Игор Ангеловски изјави дека прво ќе ја погледне снимката, а потоа ќе излезе со коментар.

 


Ќе ви се допадне

Umibe no Étranger Episode Full at AniWatch watch anime

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 26 at AnimeTV watch anime online

KissAnime

Share
Scroll to Top