(Видео) Каде исчезна Меланија Трамп во време на американските избори

(Видео) Каде исчезна Меланија Трамп во време на американските избори

пред 4 години

Американската прва дама Меланија Трамп речиси и да не учествува во предизборната кампања на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, што претставува голем преседан, иако нејзиното присуство би можеле да ги привлече белите жени од предрагијата на избирачките места, пишува „Си-ен-ен“.

Извор близок до првата дама, изјавил дека Меланија го прави она што често знае да го прави.

„Тоа е типично за неа. Меланија го прави она што сака да го прави, без никој да и замерува“, вели близок нејзин близок пријател и поранешен функционер во нејзината управа.

Тој вели дека за разлика од Меланија, сите други членови од семејството и блиски соработници, се зафатени со кампањата.

Присуството на Меланија во голема мера би помогнало во кампањата на нејзиниот сопруг, но две недели пред изборите и без никакви состаноци, малку е веројатно дека тоа ќе се случи. Таквото однесување е во спротивност со однесувањето на сите останати современи први дами.

Многу од нив, одиграле клучна улога во собирањето на женските гласови. Се очекува дека Меланија ќе се појави во Нешвил, на последната претседателска дебата, според официјалниот распоред кој го има објавено Белата куќа.

На Меланија тоа треба да и биде прв настап на еден голем настан од 2019 година и прв јавен настап од 29. септември, кога присуствуваше на првата претседателска дебата во Охајо.

Меланија никогаш не се чувствувала пријатно кога била во центарот на внимание на јавноста и ретко учествува во изборните активности, открива извор од Белата куќа. Повеќе сака да седи дома и да му се посвети целосно на синот Барон.

Нејзиното исклучително мало учество во предизборната кампања е поврзано со семејството на кое му беше дијагностициран коронавирус претходно овој месец.

На прашањето на новинарите дали Меланија ќе се поајви во кампањата, портпаролот на Трамп изјави дека првата дама е неверојатно важна за земјата, претседателот и кампањата.

„Разговараме со нејзиниот тим за да одлучиме кој е најдобриот начин за таа се вклучи во кампањата“, изјавил тој.

За нејзиното отсуство на широко се расправа и во круговите на блиските во кампањата, но самиот претседател не е премногу возбуден поради тоа што Меланија е изоставена од истата.

Share
Scroll to Top