По успешната соработка на филмот „Големата вода“, композиторот Кирил Џајковски повторно работеше на музика за филм на режисерот Иво Трајков.
Најновото остварување наречено е „Piargy”, впечатливо кинематографско дело работено во црно-бела техника. Иако не помина многу време откако филмот го започна својот фестивалски живот, тој веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело.
Последно во низата признанија што „Piargy” ги доби, е вклучувањето на филмот во трката за годишните награди на Словачката Академија за Филм и Телевизија, на кои оваа година филмот на Трајков е номиниран дури во шеснаесет категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобра музика.
„Piargy” ќе ја има својата македонска премиера во јуни, а албумот со музиката од филмот веќе може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси.
Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови.