(Видео) Навивач среде натпревар влета на теренот во Скопје за да направи селфи со Елиф Елмас

(Видео) Навивач среде натпревар влета на теренот во Скопје за да направи селфи со Елиф Елмас

пред 4 години

За време на натпреварот Македонија – Гибралтар што се играше вчера, навивач влета на теренот за да направи селфи со Елиф Елмас. Тој помина покрај обезбедувањето, претрча скоро пола терен и стигна до Елмас. Додека пробуваше да се слика, обезбедувањето го фати и го исфрли од теренот.

dobivaj vesti na viber

За потсетување, македонската фудбалска репрезентација го победи Гибралтар 4-0 во Скопје. Ова беше натпревар од четвртото коло од Лигата на нации во јунскиот термин. Во првото коло Македонија играше нерешено со Бугарија, па победи во Гибралтар, а во третото коло дома загуби од Грузија. Следните натпревари од квалификациите ќе се играат во септември.

Share
Scroll to Top