(Видео) Новинари на „Евроњуз“ избегнаа граната додека известуваа од Кавказ

(Видео) Новинари на „Евроњуз“ избегнаа граната додека известуваа од Кавказ

пред 3 години

На социјалните мрежи се споделува видео од група на новинари од „Евроњуз“ кои избегнаа голем инцидент додека известуваа во Кавказ. Над нивните глави прелета граната, која била лансирана од силите на Азербејџан и била наменета за ерменските војници.

За среќа, никој од новинарите не беше повреден, а беше причинета само мала материјана штета. Настрада само нивниот џип.

За потсетување, во Москва на 9 октомври беа одржани преговори, во кои учествуваа министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, кои траеле повеќе од десет часа.

Преговорите завршија со усвојување на договорот за прекин на огнот од попладнето на 10 октомври, со цел да се извршат хуманитарни работи, размена на воени заробеници и други притворени лица, како и телата на загинатите.

Но, истиот ден страните почнале меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето. Другите обиди за организирање хуманитарен прекин на огнот се случија ноќта меѓу 17 и 18 октомври, но по неколку часа кога примирјето стапило во сила, тоа било прекршено.

Share
Scroll to Top