(Видео) Новиот Џокер не им се допадна на фановите, Џаред Лето во официјалниот трејлер

(Видео) Новиот Џокер не им се допадна на фановите, Џаред Лето во официјалниот трејлер

пред 3 години

Режисер Зек Снајдер ја сними својата верзија на „Justice League“ и го објави официјалниот трејлер за филмот. Неговиот филм е всушност продолжена верзија на оригиналот, но фановите долго го очекуваа особено поради новиот Џокер, што ќе го игра актерот Џаред Лето.

 

Џаред Лето во улога на Џокер веќе глумеше во филмот „Suicide Squad“, но разликите меѓу тoj Џокер и новиот се доста видливи. Новиот Џокер, нема да ја има истата фризура, поточно препознатлива зелена коса, а на лицето нема да има тетоважи. Новина која се забележува кај него е долгата залижана коса, гумените ракавици и автентична шминка.

Од коментарите под објавата може да се види дека на повеќето љубители, на филмовите со суперхерои, не им се допадна промената на ликот на Џокер.

„Justice League“ на Зек Снајдер на 18. март ќе се појави на стриминг платформата „HBO Max“. Во филмот, познат и како „Snyder Cut“, покрај Лето, играат и Хенри Кавил, Бен Афлек, Гал Гадот, Џејсон Момоа, Реј Фишер и Езра Милер.

 

Share
Scroll to Top