По силниот земјотрес кој утрово ја погоди Турција, се јави и познатиот голман Волкан Демирел кој преку видео порака на „Инстаграм“ испрати апел за помош.
„Би сакал да испратам апел за помош до сите. Кој колку може да помогне, за Хатај и Антакија. Ве молам во име на Бог. Луѓето умираат тука“, рече Демирел.
За потсетување, Турција утрово ја погоди силен земјотрес од 7,8 степени според Рихтер. Земјотресот се почвуствува и во Сирија каде се урнаа голем број згради. Досега во земјата се загинати повеќе од 1300 луѓе, а повредени се неколку илјади.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023