Рускиот претседател Владимир Путин во петокот се прости од својот голем пријател и политички противник, претседателот на Либерално демократската партија на Русија Владимир Жириновски.
Жириновски ќе остане запаметен како човекот кој шест пати се кандидираше против Путин на претседателските избори. На руската политичка сцена ќе остане и запаметен како ултранационалистички политичар.
Многумина го карактеризираа и како столб на политичкиот систем на Кремљ, но и голем противник на Путин. Како што пренесува „РИА Новости“, рускиот претседател беше меѓу присутните на опелото кое се одржа во петокот во Соборниот храм Христо Спасителот во Москва.
Путин едвај се воздржа да не заплаче кога остави цвеќе на неговиот ковчег. За потсетување, Жириновски почина на 6 април од корона. Тој ќе биде погребан на гробиштата Новодевичи во Москва, а на неговиот погреб ќе присуствува и рускиот претседател.
За потсетувње, Жириновски одржа и говор во парламентот на 27 декември, на кој се чинеше дека ја навести руската инвазија врз Украина.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Хрватски пејач осуден за порнографија
(Фото) Ана Стојановска се соблече гола и стави зелка на градите
Пауло Коелјо ја подели јавноста: Настаните во Украина се злоупотребуваат за да се оправда русофобијата
Ѕвездата на серијата „Смолвил“ осудена на три години затвор
Колку траел животот на Лајка во вселената, тајна која се криела со години
Божиќни филмови за целото семејство
