Роверот на НАСА, „Истрајност“, успешно ја изведе и втората мисија на Марс. Тој собра неколку карпи од Црвената планета и ја направи првата анализа, објавија од НАСА.
Од таму велат дека примероците веројатно се вулкански и веројатно содржат сол и меурчиња од древна вода, напишаа на „Твитер“. Кен Фарли, научник кој бил вклучен во проектот, вели дека примероците покажуваат дека Марс би можел да биде населив и дека има одржлива средина.
„Тоа што водата била таму долго време е голема работа“, стои во соопштението на Фарли. „Истрајност“ во понеделникот успешно ги собра примероците и ги смести во контејнер, кој ќе биде вратен на Земјата. Од НАСА потсетија дека во авуст им пропаднал првиот обид за бушење.
Тие велат дека сега нивната технологија одлично функционира и дека карпите кои биле земени не биле доволно цврсти, па се извлечени само прашливи фрагменти кои не можеле да ја наполнат епруветата за примерок.
За потсетување, „Истрајност“ слета на Марс на крајот на февруари, откако претходно успешно ја мина развојната програма од осум години, која чинеше 2,5 милијарди долари.