(Видео) Родители од Турција по неколку дена трагање си го пронашле бебето кое го загубиле по земјотресот

(Видео) Родители од Турција по неколку дена трагање си го пронашле бебето кое го загубиле по земјотресот

пред 2 години






Родители од Турција по неколку дена трагање си го пронашле бебето кое го загубиле по земјотресот во Турција. Нергис и Кумали Бакајли ја изгубиле секоја трага на своето бебе старо само шест месеци.

Бебето било родено предвреме и во моментот на земјотресот било во болницата во Караманмараш. Бидејќи од земјотресите болницата била оштетена оваа болница, бебето прво било пренесено во градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на Медицинскиот факултет во Селџук.

Парот започна да го бара детето по земјотресот. Болничкиот персонал во Селџук контактирал со нив и ги известил дека бебето е во нив, живо и здраво.

 

 





Share
Scroll to Top