(Видео) Руска новинарка заврши на психијатрија за дискретидирање на војската, ја испратиле на Сибир

(Видео) Руска новинарка заврши на психијатрија за дискретидирање на војската, ја испратиле на Сибир

пред 2 години

Руската новинарка Марија Пономаренко која беше притворена во април во Санкт Петербург за дискредитација на руската војска, сега е префрлена во психијатриска болница во Сибир, соопшти нејзиниот адвокат.

Таа беше обвинета за дисредитација на руските вооружени сили во нејзините објави на социјалните мрежи за војната во Украина.

Нејзиниот адвокат Сергеј Подолски рече дека таа ќе биде набљудувана во Алтајската клиничка психолошка болница 28 дена, пренесе денес „Радио слободна Европа“.

Пономаренко, која живее и работи во градот Барнаул, во регионот Алтаја, е мајка на две мали деца, а е префрлена од Санкт Петербург во Барнаул на крајот на минатиот месец.

Активистката која работи за RSE, Јана Дробхоход, рече дека на Пономаренко не ѝ било дозволено да прима писма или да има посети од роднини, туку само да се состанува со своите адвокати.

Пономаренко се соочува со 10 години затворска казна поради објава на „Телеграм“ за руското бомбардирање на театар во украинскиот град Мариупол каде загинаа стотици цивили.

Рускиот закон за криминализирање и ширење лажни извешти кои ги дисредитираат вооружените сили на Русија беше усвоен во март годинава.

Share
Scroll to Top