(Видео) Руски тајкун и изгради куќа на бабата која живеела сама во Сибир со децении

(Видео) Руски тајкун и изгради куќа на бабата која живеела сама во Сибир со децении

пред 3 години

Рускиот тајкун Олег Дерипаска ѝ помогнал на бабата Агафја Ликова (76), која живеела сама во Сибир со децении. Агафја во јавноста стана позната како жената која успеала да преживее во дивината и да ги надживее нејзините роднини.

Додека живеела сама, регионалните власти повремено и праќале намирници и друг вид на роба, за да и помогнат да ги преживее студените зими. Тие не и кажале за коронавирусот, затоа што не сакале да и создаваат дополнителни грижи.

Како што пренесуваат руските медиуми, Дерипаска одлучил да и помогне на Агафја, па и испратил работи за готвење, постелнина и храна. Работите со хеликоптер ги доставил неговиот асистент. Соработниците на Дерипаска велат дека тој и помага на бабата веќе некое време.

Николај, син на геологот Ерофеј Седов, со кого Агафја живеела со години, ќе ја надгледува. Ерофеј долго време живеел со Агафја, но починал во мај 2015 година. Овој геолог бил меѓу првите кои го откриле семејството Ликов во 1978 година.

Агафја била единствената преживеана во семејството, кое во 1936 година побегнало во шума во Сибир, за да го избегне верскиот прогон направен од страна на Јосиф Сталин.

Поголемиот дел од својот живот, таа го поминала како селанка од 18. век, правејќи сопствена храна, избегнувајќи ги модерните изуми. Таа живеела во стара колиба, во која била родена. Колибата ја изградил нејзиниот татко и браќа, откако побегнале од комунизмот.

Во шумата биле целосно отсечени од светот и тие немале слушнато за Втората светска војна, или за тоа дека космонаутот Јуриј Гагарин го направил првиот лет во вселената.

Браќата и сестрите и починале во 1981 година, а татко ѝ во 1988 година. Мајка ѝ починала уште пред нивната локација биде откриена. Денес, Агафја ќе има можност да добие нов дом.

Материјалите за изградба се веќе донесени и е почнато со нејзина изградба. Куќата прво е направена во градот Абакана, па растурена била на делови и однесена во Сајанските планини, каде веќе во следната година, треба да биде завршена.

Бабата одбива да се пресели во градот или населено место. Најблиското населено место, од нејзиниот дом е оддалечено повеќе од 240 километри.

„Сите внимаваме кога ја посетуваме Агафја“, изјавил локалниот официјален претставник Александар, кој со години, повремено патува кај оваа жена, за да провери дали со неа сè е во ред.

Посебно се води сметка некој случајно да не ја зарази со коронавирус. Нејзиното семејство, кои биле припадници на православна секта на староверници, со децении живееле во Сибир, целосно незабележани од советските власти. Таа немала никаков контакт со надворешниот свет, во првите 35 години од нејзиниот живот. За светот дознавала од приказните на нејзиниот татко и од Библијата.

Групата била откриена во 1970 година, кога група советски геолози со хеликоптер ја надлетувале таа област и случајно ја забележале колибата во која живеела. Тогаш ова семејство станало национален феномен.

Руските староверници се одвоиле од православната црква во 1966 година, по протестите поради реформите. Староверската заедница побегнала од царскиот и советски прогон, длабоко во сибирската шума и на други места низ светот, како што е Северна и Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд.

Многу од нив, во последните години почнале да се враќаат во Русија во рамки на новата програма на репатријација, со која им се помага на сонародниците во странство, да се преселат на територијата во источна Русија.

Share
Scroll to Top