(Видео) Руски јутјубер ја терал бремената девојка да стои полугола на ладно, додека не починала

(Видео) Руски јутјубер ја терал бремената девојка да стои полугола на ладно, додека не починала

пред 3 години

Рускиот јутјубер Стас Решетњиков, бил уапсен и обвинет за смртта на неговата бремена девојка Валентина Григорјева. Според обвинението, тој ја терал Валентина да стои полугола на ладното, а како последица од студеното време, таа починала.

Додека ја снимал, тој видеото го пренесувал во живо. Решетњиков е сопственик на „Јутјуб“ каналот „Рифлај“ и ја терал Валентина да стои надвор, само по долна облека, на температура под нулата.

Негов пријател, му платил 30.000 долари да ја снима Валентина на студеното време. Девојката која била во раната бременост, починала од хипотермија во нејзината изнајмена куќа во селото Ивановка, во близина на Москва, пренесува „Индекс.хр“.

Стас продолжил да ја снима Валентина, дури и откако таа речиси била полумртва. Тој потоа ја внел внатре и се обидел да ја оживее.

Share
Scroll to Top