Поранешната новинарка Марија Пијанманов повторно предезвика внимание на социјалните мрежи откако објави видео дека јадела сарми во „Антико“ во Охрид. Се пожали дека претходната вечер пиела џин, па не можала да пие алкохол со сармите во кафеана. Рече и дека маж ѝ се чудел како толку малку спиела, само по пет часа, ама таа вели тоа било од лавот во хороскоп. Пијанманов е сопруга на режисерот Константин Плевнеш, и со него често се главна тема на муабет по социјалните мрежи.