(Видео) Семејството Петровиќ од Србија живеат како Амиши, живеат од земјоделство и занаетчиство

(Видео) Семејството Петровиќ од Србија живеат како Амиши, живеат од земјоделство и занаетчиство

пред 1 година

Семејство Амиши живее во селото Мали Дреновац, Србија. Станува збор за семејството Петровиќ кое живее по Амишки обичаи.

Кристофер Петровиќ иако е роден во Америка, по потекло е од Србија, на семејниот имот што го наследил од дедо му со сопругата Јована, чува четириесет овци и обработува осум хектари земја, пишуваат српските медиуми. Кристофер станал Амиши откако поминал 10 години живеејќи во таа заедница во САД.

„Бев во заедница на Амиши, но не можев да купам земја. Го замолив Бог да ми даде земја да обработувам и ми ја даде во Србија. Имам српско потекло од татко ми. Секогаш зборуваше за Србија. Мојот дедо дошол во Америка во 1912 година и никогаш не се вратил назад“, изјавил Кристофер за програмата на РТС „Квадрат на кругот“.

Тој го присвол нивниот начин на живот и вредносен систем, кон кој денес се придржуваат тој и неговата сопруга Јована, родена во Србија. Двајцата живеат од занаетчиство, земјоделство и сточарство. Сеат пченка, детелина, пченица.

Иако е Амиши, тој користи некои од предностите на технологијата.

Во својата работа користи соларни панели, мобилен телефон, па дури и дрон. Решил да стане Амиши откако го гледал татко му како работи 60 часа неделно.

На Кристофер не му се допаднал тој живот. „Татко ми не направи ништо за мене. Тој практично ништо не ме научи. Завршив теологија. Амишите се паметни и без училиште, тие се паметни преку искуство“, вели тој. Неговата сопруга Јована дипломирала на Музичката академија.

„Жените носат капи, престилка за покривање на предниот дел на телото, без панталони, само обични фустани. Не се шминкам и не носам накит“, објаснила Јована, која пред да го запознае Кристофер не знаела како живеат Амишите.

Таа денес се грижи за семејството и го издржува сопругот. Во Србија се задоволни, но велат дека некои работи се уште им пречат.

Како што вели Кристофер, му пречи карактерот на луѓето во Србија. Луѓето доаѓаат и секогаш имаат некој коментар, за децата, за оградата. Не ми се допаѓа тоа“, признал Кристофер.

На крајот, тој рекол дека Амишите го вратиле во земјата, бидејќи современиот човек го изгубил умот.

 

Share
Scroll to Top