(Видео) Синот на Трамп објави видео како бројач на гласови во САД, го фрли ливчето во ѓубре

(Видео) Синот на Трамп објави видео како бројач на гласови во САД, го фрли ливчето во ѓубре

пред 6 години

Во исчекување и предвидување на конечните резултати од директното гласање, претседателските избори во САД не се само главна тема во Америка, туку секаде во светот, а еден пример од Индија дигна голема прашина.

Познато е дека неизвесноста на резултатите предизвикува вибрации на светската берза, па така еден од воечките бизнисмени од Индија, решил да се консултира со астролог, за тоа кој ќе победи.

Тој добил прогноза која вели дека трката ќе биде тесна, но дека на крајот Доналд Трамп ќе го победи Џо Бајден. Бизнисменот ја споделил прогнозата на социјалните мрежи, а под објавата следувале голем број на коментари.

Станува збор за Ананд Махидра, претседател од мултинационалната група „Махиндра“. Тој објавил на „Твитер“ слика од астролошкото тврдење, кое вели дека тоа ќе биде борба од типот „фаќање за гуша“, но дека на крајот Трамп ќе излезе како победник.

„Твитот“ имал речиси 7000 лајкови и стотина шерувања. Предвидувањето се заснова на положбата на Сонцето и знакот на раѓање на Трамп. Махиндра не открил за кој астролог станува збор, но предвидел раст на неговата популарност ако прогнозата се покаже како точна.

И други корисници на „Твитер“ споделиле слични предвидувања на други астролози, кои исто така изјавиле дека веруваат дека Трамп ќе биде тој кој ќе победи.

Консултациите со астролозите кога е во прашање носењето на главни одлуки, прилично се популарни во Индија, дури и меѓу водечките политичари, вклучувајќи го и актуелниот премиер Нарендру Моди.

Share
Scroll to Top