Фолк-пејачката Eлена Велевска пред крајот на летото сними нова песна „Овој живот убав е”, а за неа сними и спот зад кој стои Александар Ристовски-Принц. Телевизиската промоција на видеото ќе биде набргу на „Телма“. Артан Кастрати е задолжен за музиката, Орце Зафировски го напиша текстот, Мишел Трајковски на хармоника и Ферчо Мустафов на сакс. Таа веќе има најва на својот инстаграм-профил, а како и за секоја нова песна, и овој пат Елена сними фотосесија.