(Видео) Србин со коефициент на интелегенција 203, изработил патенти за кои била заинтересирана и НАСА

(Видео) Србин со коефициент на интелегенција 203, изработил патенти за кои била заинтересирана и НАСА

пред 2 години

Небојша Милошевиќ е Србин кој потекнува од местото мала Сугбина во подножјето на Трстеник. Тој има коефициент на интелегенција 203, а за неговите патенти некогаш биле заинтересирани и првите луѓе од НАСА. Денес неговите конструкторски решенија се користат и во „Мерцедес“.

dobivaj vesti na viber

Неговиот коефициент на интелегенција сè на сè е за 20 понизок од оној кој го имал Никола Тесла. На 20 години веќе имал три патенти, а денес неговите конструкторски решенија се користат во производството на камионите на автомобилската компанија „Мерцедес“.

Го осмислил и менувачот за познатиот автомобил „Југо 45“, а југословенските тенкови се напојуваа од неговата моќна турбина. Пет пати успеал да ја засили силата на моторот на тенкот „91 Вихор“.

Неговото ремек дело е комбајн за собирање полен, но смислил и решение за мотор до кој дошла и самата НАСА. Последното негово остварување е холограмска антена која може без грешка да ги открие тековите на водите, енергијата, па дури и карактерните особини на човекот.

Откако станал единствениот човек кој можел и умеел да произведе дел за моќна воена ракета, на крајот на минатиот век бил прогласен за технолошки вишок.

Небојша денес живее од мизерна пензија, пет пати помала од националната пензија која ја имаат добиено поедини јавни личности во Србија.

Извор/Мондо.рс.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top