(Видео) Сузана Гавазова падна на газ од поклонот на маж ѝ

(Видео) Сузана Гавазова падна на газ од поклонот на маж ѝ

пред 2 години

Фолк-пејачката Сузана Гавазова наполни 42 години. Роденденот прв ѝ го честиташе сопругот Јасмин, со страстен бакнеж и бурек со јогурт спакувани во украсна кутија. „Што е ова?“ го прашува Сузана, во видеото што го објави на Инстаграм. „Како што, па бурек со јогурт“ ѝ одговара тој, пред да ѝ го донесе вистинскиот подарок. Откако го отвори, Сузана падна на столчето од изненадување.

Пејачката лани за роденденот направи голема журка дома, па пееше за мерак на гостите, а заедно со неа запеа и нејзината мајка.

Share
Scroll to Top