(Видео) Токсична пена ја покри светата река во Индија, но тоа не ги спречи верниците да се капат во неа

(Видео) Токсична пена ја покри светата река во Индија, но тоа не ги спречи верниците да се капат во неа

пред 3 години

Токсична пена ја покри светата река Јамуни во Индија, но, тоа не ги спречи верниците да се капат во неа. Во пената имало високо ниво на амонијак и фосфат и тоа може да предизвика респираторни потешкотии и проблеми на кожата кај луѓето што влегле во неа, тврдат експертите.

Пената се појавила за време на фестивалот посветен на богот на сонцето Сурја, па верниците и покрај предупредувањата се бањале во неа и се молеле во водата.

„Немав избор, морав да се избањам. Водата беше многу нечиста, но, според обредот мораме да се капеме во неа“, рече Гунјан Деви.

Властите наводно ангажирале 15 чамци за да се тргне пената, но, експертите се плашат дека загадувањето веќе направило значително штета.

„Реката на подрачјето на Делхи е еколошки мртва река. Нема риби ни речни птици. Таквата е ситуацијата веќе со години“, рече Бим Синг Рават, од Јужноазиската мрежа за брани, реки и луѓе (SANDRP).

Веќе со децении во Јамун се испуштаат отровни хемикалии и канализациски отпад. Најзагадено е во подрачјата кои го опкружуваат Делхи, поради густата населеност и високото ниво на отпад. Само 2 % од реката тече низ тој град, но, Делхи е одговорен за 76 % од нејзиното загадување.

Рават рече дека загадената река влијае на луѓето кои живеат во неколку градови, вклучително и Фараидабад, Ноид и Агру.

„Повеќе од илјадници селани земаат вода за наводнување од реката, дури и носат канти до реката и земаат вода за бањање и пиење“, рече тој.

Share
Scroll to Top