(Видео) Туристи ги посетија галиите во Скопје, персоналот ги третирал како идиоти

(Видео) Туристи ги посетија галиите во Скопје, персоналот ги третирал како идиоти

пред 1 година

Туристите Хенри и Елза кои во моментов патуваат низ Балканот, го посетија Скопје и престојуваа во една од галиите на Вардар. Велат дека биле задоволни од сместувањето, но биле разочарани кога дознале дека не станува збор за вистински брод, туку само за обичен хотел на вода.

Биле задоволни од собата која им изгледала кул и дека имале неверојатен поглед. Исто така биле задоволни и од појадокот, но биле разочарани од рецепционерот, кој се обидел да им наплати 7 евра повеќе, давајќи им три различни причини за тоа.

„Знам дека се само 7 евра, но нервира тоа што бевме третирани како идиоти“, рече Елза и додаде:

„Ние прочитавме неколку критики за овој хотел и знаеме дека може да има проблеми, но дали мислите дека 79 € за ваков хотел е премногу или е вистинската цена? Еден од нашите следбеници кој ни е сонародник ни напиша на рецензијата дека персоналот за појадок бил толку добар па ги понудил со седум шолји кафиња“.

Share
Scroll to Top