Црногорската полиција го претепа поранешниот фудбалер на Вардар, Дамир Којашевиќ, кој играше во македонскиот клуб во сезоната 2016/17 година. Медиумите пишуваат дека тој бил претепан без причина. Ова го потврди и фудбалерот кој објави и видео од ситуацијата.
Којашевиќ вели дека не згрешил ништо. Тоа им го кажал и на полицајците, но тие почнале да го малтретираат, па затоа фудбалерот ќе ги тужи за непрофесионален однос.
„Се движев кон училиштето на мојот син за да го земам, а група полицајци беа зад мене и вклучија ротација за да ме застанат. Го претресуваа моето возило, а и мене самиот, иако им кажав дека немам направено никаков прекршок. Тогаш почна малтретирањето, по што ме удрија неколку пати. Никому ништо немам направено, а раката ми е скршена од претходно. Буквално ништо немам направено, а тие ме малтретираа. Дури кога ја видов видео-снимката решив да ги тужам, иако ме молеа да не го правам тоа“, рекол Којашевиќ за медиумите.