post-image

(Видео) 88-годишна учителка во пензија дојде сама на концертот на Фрајле, пејачите се симнаа од бина да ѝ укажат почит

пред 2 години

Девојките од новосадската група Фрајле неодамна пееја во Кастав, Хрватска, а во публиката беше и 88-годишна пензионерка која на концертот дошла сама. Јелена, Невена и Наташа се симнаа од бината за да се дружат со неа и ѝ испеја една од своите песни.

dobivaj vesti na viber

„Баба Марија, која е учителка во пензија, донесе живост, радост и убавина и докажа дека не се важни годините, туку духот што го носиме во себе“, велат девојките од „Фрајле“.

Тие се на регионална турнеја, па најавија дека на 13 август ќе одржат концерт на Хераклеја во Битола. На почетокот на летото тие пееја во во Скопје, пред платото на Опера и балет.

Share
Scroll to Top