Викенд хороскоп за 12 и 13 ноември: за Рибите љубов, Лавот ќе пронајде мир

Викенд хороскоп за 12 и 13 ноември: за Рибите љубов, Лавот ќе пронајде мир

пред 1 година

Овен

Викендот ви носи предизвици бидејќи квадратот на Сонцето и Сатурн може да направи да се чувствувате како да сте блокирани, а тоа ќе ви донесе нервоза и фрустрација. Дополнително, конјункцијата на Месечината со Марс ви носи зголемување на вашето нетрпение и чувство како да тапкате во место. Смирете се и не правете ништо поради што би можеле да зажалите. Месечината во Рак во сабота и недела ја насочува вашата креативност во домот. Ако сте во врска, ве очекува убава интимна атмосфера со вашата сакана личност.

Бик

Викендот може да ви донесе проблеми и финансиски турбуленции. Не се впуштајте во искушението да трошите повеќе одошто можете да си дозволите. Во сабота, Месечината во Рак го осветлува вашиот сектор на комуникација. Во меѓувреме, тригонот на Меркур и Нептун ја подобрува вашата врска со саканата личност и пријателите. Во недела, односот меѓу вашата владејачка планета и Плутон ќе ве преплави со романса и страст.

Близнаци

Квадратот на Сонцето и Сатурн и конјункцијата на Месечината и Марс би можеле да доведат до зовривање на вашите емоции. Пробајте да поминете време во природа и да најдете начин да се опуштите за да не кажете нешто за што подоцна би можеле да зажалите. Во сабота, Месечината во Рак ги осветлува вашите финансии, а тригонот меѓу вашата владејачка планета, Меркур и Нептун ве исплнува со надеж. Во недела, денот е посветен на креативноста и инспирацијата, а освен тоа ви доаѓа и слатко изненадување како среќен крај на викендот.

Рак

Конјункцијата на Месечината и Марс и квадратот на Сонцето и Сатурн може да ви донесат необично чувство на нервоза. Убаво би било да поминете време сами или пак во природа, што ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Во недела, Месечината е во вашиот знак, а тоа ви дава убаво чувство, како мелем на душа. Тригонот на Меркур и Нептун ви помага да ги проширите своите видици и ви носи убаво чувство на среќа и добросостојба.

Лав

Овој викенд конјункцијата на Месечината во Близнаци со Марс ви остава чувство на напнатост и нервоза. Длабоко вдишете и издишете и најдете начин да се смирите. За сè постои решение. Во сабота и недела, Месечината во Рак ви носи смирување на морето и така се враќа хармонијата во вашиот живот.

Девица

Квадратот на Сонцето и Сатурн е проследена со конјункцијата на Месечината и Марс во Близнаци, што може да ви донесе мали проблеми. Ќе се соочите со нервоза и чувство како да сте во безизлезна ситуација. Излезете од својот дом, тргнете се од луѓето и најдете начин да се опуштите во тишина. Во сабота и недела, Месечината преминува во Рак и ви носи подобри денови исполнети со мир и инспирација.

Вага

Конјункцијата на Сонцето и Сатурн и Месечината и Марс создаваат фрустрација и нетрпение, што може да донесе мали проблеми во работата. Затоа, направете пауза и оставете ги работите за следната недела. Во сабота и недела, Месечината во Рак ви носи смирувачко чувство, а тригонот на Меркур и Нептун е поволен за да усвоите некои здрави навики. Недела е убав ден кој ви носи добри емоции.

Шкорпија

Викендот можно е да се соочите со силно чувство на фрустрација и нетрпение. Потрудете се тоа да не се прелее во односите со другите. Во сабота и недела, Месечината во Рак го враќа мирот, посебно со тригонот на Меркур и Нептун. Романсата и страста цветаат во недела.

Стрелец

Вашата владејачка планета Јупитер е во квадрат со Близнаци. Можеби ќе бидете во искушение да претерате со емоциите, но најдобро е да бидете умерени. Месечината во Рак во сабота и недела ја ублажува тензијата, додека тригонот Меркур и Нептун го осветлува вашиот дом и семејството. Во недела продолжуваат добрите вибрации, со тоа што ќе успеете да ја пренесете добрата енергија и на другите.

Јарец

Вашата владејачка планета Сатурн прави квадрат со Сонцето додека пак Месечината во Близнаци е во конјункција со Марс што ви носи зголемена тензија. Сочувајте го мирот и добро размислете пред да кажете нешто за да ги решите недоразбирањата. Во сабота и недела, Месечината во Рак го осветлува вашиот сектор на партнерство – ве очекуваат убави разговори кои ќе ги продлабочат вашите односи со другите. Во недела, ве очекува подобрување на вашата врска со сродната душа.

Водолија

Меѓу квадратот на Сонцето и Сатурн и конјункцијата на Месечината во Близнаци со Марс може да направи да се чувствувате нетрпеливо. Не претерувајте во ништо и смирено реагирајте на зборовите од другите. Месечината во Рак во сабота и недела носи мир и хармонија, а тригонот на Меркур и Нептун во сабота ви создава можност да навлезете подобро во вашите финансии. Недела е ден за инспирација и убави чувства.

Риби

Ако успеете да ги надминете лошите емоции, ѕвездите ви најавуваат убав викенд. Во сабота и недела ќе уживате во хармонијата што ја носи Месечината во Рак. Вашата владејачка планета Меркур е во тригон со Меркур и ве повикува да ги проширите своите видици. Во недела, фокусот е на љубовта и страста.

Share
Scroll to Top