Вил Смит сакал да се самоубие: И пред децата признав за оваа работа, открива актерот

Вил Смит сакал да се самоубие: И пред децата признав за оваа работа, открива актерот

пред 3 години

Вил Смит признал дека еднаш во животот размислувал за самоубиство. Веста ја споделиле светските медиуми откако излезе најавата за документарецот под називот „Will Smith: The Best Shape of My Life“ во соработка со платформата Јутјуб.

Во една сцена во најавата Смит седи со семејството на маса, вклучувајќи ги трите деца и им признава дека во минатото размислувал да си го одземе животот.

 

„Тоа беше единствен пат во животот да размислувам за самоубиство“, рекол Смит.

Смит во фитнес документарецот од шест делови на гледачите ќе им го покаже својот физички и ментален напредок.

Со приказ на самиот тренинг, документарецот опфаќа разговор со физичките, емоционалните и менталните препреки со кои актерот се соочил, кога се трудел да се врати во форма по 50-та години.

Премиерно документарецот ќе биде прикажан на 8-ми ноември.

Share
Scroll to Top