Влатко Стефановски првпат објави дека се дружел со принцот Чарлс

Влатко Стефановски првпат објави дека се дружел со принцот Чарлс

пред 3 години

Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски откри дека пред 22 години се запознал со принцот Чарлс во Скопје. Тој сега првпат ги објави фотките кои се направени во хотелот „Континентал“, на коктелот што бил организиран во чест на принцот. Влатко вели дека конечно ја изгледал серијата „Круна“, која е посветена на британското кралско семејство, и дека таа го потсетила на дружбата со принцот.

„Само што ја завршив со гледање ‘Круна’, па решив да ги споделам сликите од средбата со неговото височество, принцот од Велс, што се случи во ноември 1998 година. Како сувенир, тогаш му го подарив мојот најнов албум ‘Џипси меџик’,“ напиша Стефановски.

Фановите воодушевени од средбата што се случила пред 22 години, му коментираа дека тоа била средба на „принц и крал“. „Браво легендо“, „Сигурно нему му била чест да те запознае тебе“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.

Share
Scroll to Top