Водителот Лари Кинг пренесен во болница поради коронавирус

пред 3 години

Познатиот американски телевизиски новинар и водител, Лари Кинг, е пренесен во болница поради коронавирус, пишува „Дејли мејл“. 87-годишниот Кинг, познат по интервјуата што се емитуваа на „Си-ен-ен“, е пренесен во болница откако се заразил од гостин во неговата емисија.

Кинг ѝ припаѓа на ризичната група пациенти поради неговите години и лошото здравје. Тој имаше бројни здравствени проблеми низ годините, меѓу нив и срцев удар, рак на простатата и белите дробови и дијабетес тип два.

Поради лошата здравствена состојба, неговата 23 години помлада сопруга Шон Кин, и двајцата синови Ченс и Кено, не можат да го посетат во болница. .

Кинг е американски радиски и телевизиски водител, кој во 1970-те стана еден од најслушаните радио-водители во САД, а светската слава ја достигна на ТВ-мрежата „Си-ен-ен“ како водител на популарното ток-шоу „Лари Кинг Лајф“, кое се емитуваше од 1985 до 2010 година. Добитник е на многу престижни новинарски награди и се смета за икона на популарната култура во САД.

Исто така е познат и по бурниот приватен живот.

Share
Scroll to Top