Во Хрватска во стариот град на Дубровник се отвори првиот геј бар. Барот е прв бар од ваков тип, кој се отвори минатиот месец.
„Ова е единствениот официјален геј бар на хрватското приморје, што е извонредно, зашто Хрватска е популарна туристичка дестинација во Европа. Без разлика колку сме конзервативни и традиционални овде, во Дубровник доаѓаат секакви типови луѓе и геј туризам отсекогаш постоел“, изјавил новинарот Игор Млинариќ.
Барот иако е геј бар, секојдневно го посетуваат и стрејт луѓе.