Во Крушево пристигнаа маратонците кои трчаа во чест на Тоше, ги пречекаа со 500 црвени рози

Во Крушево пристигнаа маратонците кои трчаа во чест на Тоше, ги пречекаа со 500 црвени рози

пред 3 години

Во Крушево денеска на пладне пристигнаа ултрамаратонците кои петнаесетти пат трчаа во чест на Тоше Проески. Крушевчани пречекаа со 500 рози и ги поздравија со аплауз. Маратонците својата рута ја завршија на гробот на Тоше на Гумење. Таму оставија букет од 26 црвени рози, колку што имаше години Тоше кога загина на 16 октомври 2007 година.

dobivaj vesti na viber

Ултрамараонот од оваа година го носи името „Маратон на љубовта“. Тринаесетте маратонци почнаа да трчаат пред два дена од Нова Градишка, а вчера пристигнаа во Скопје. Тие утрово го продолжија патот за Крушево.

Маратонците по пристигнувањето рекоа дека ќе продолжат да трчаат секоја година и дека нема да ја прекинат традицијата што ја почнаа по смртта на Тоше.

По повод 15-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава, од Хрватска, Бугарија и Србија.

Фото: Сотир Габелоски

Share
Scroll to Top