Во Руанда пронајден загрозен лилјак, кој не е виден 40 години

Во Руанда пронајден загрозен лилјак, кој не е виден 40 години

пред 3 години

Во Руанда е пронајден загрозен вид лилјаци, кои не се видени во последните 40 години и за кои научниците веруваа дека се изумрени, пренесува „Гардијан“. Лилјакот од видот Rhinolophus hillorum е пронајден во Нјунгве, густа прашума, која е дом и на загрозените планински горили.

Бидејќи Меѓународната унија за зачувување на природата немаше информации за овој вид цицачи, во 2021 година ги наведе како критично загрозени.

„Повторното откривање на изгубениот вид беше неверојатно. Зачудувачки е да се помисли дека ние сме првите луѓе што го виделе овој лилјак по толку долго време“, вели Џон Фландерс, директор на Интернационалната организацијата за зачувување на лилјакот.

Непрофитната организација со седиште во Тексас соработуваше со Одборот за развој на Руанда и Здружението за зачувување на дивиот свет на Руанда за да почне да ја истражува џунглата уште во 2013 година. Во 2019 година, по 10-дневна експедиција, која ги пребаруваше пештерите во шумата, научниците го пронајдоа лилјакот, но им требаа цели три години за да го потврдат неговиот вид.

„Веднаш знаевме дека лилјакот што го фативме беше необичен и извонреден. Карактеристиките на лицето беа претерани до точка на комично“, рече главниот научник на организацијата, Винифред Фрик.

 

 

„Сега почнува нашата вистинска работа, да откриваме како да го заштитиме овој вид понатаму во иднината“, рече Фландерс.

Share
Scroll to Top