Вселенскиот телескоп на НАСА „Џејмс Веб“, сними плејада чудни светови надвор од нашиот Сончев систем. Една од тие планети се вика VHS 1256 b и е оддалечена 40 светлосни години од нашиот Сончев систем. Температурата на оваа планета достига и до 830 степени целзиусови.
На планетата има и вода, метан, јаглерод моноксид и траги од јаглерод диоксид. Планетата орбитира околу две ѕвезди и една година трае колку 10.000 години на Земјата. Планетата се наоѓа на околу четири пати поголемо растојание од ѕвездите, во однос на Плутон од Сонцето.
Научниците забележале и како топлите гасови се креваат нагоре, а постудениот материјал паѓа надолу. Атмосферата постојано расте, се меша и движи, па затоа и планетата ја добила титулата за најпроменлив објект со планетарна маса.
Друга планета која исто така ја сними сателитот на „НАСА“ е егзопланетата HD149026b, позната и како жешкиот Јупитер. На неа се забележани потешки елемнти како јаглерод и кислород, што е невообичаено за планета со нејзина големина.
Планетата има маса слична на Сатурн. Забележани се водород и хелиум во атмосферата, ное е 27 пати побогата со тешки елементи, објавија научниците во Nature.
Уште една планета со висок сооднос на јаглерод и кислород и која би можела да нуди услови за развој на живот е Смертриос. Сепак експертите велат дека малото количество на вода на површината може да создаде проблем во создавањето на живот, онаков како што го познаваме.
Друга планета е TRAPPIST-1 кој е поголем од Земјата и орбитира околу студено црвено џуџе по траекторија околу сто пати поблиска од онаа на Земјата околу нашето Сонце. Таа е оддалечена околу 40 светлосни години од Земјата, но карпесиот предел може да создаде други проблеми.
„НАСА“ сега има можност и да ги измери температурите на некои од егзопланетите, преку анализа на светлината што ја испушта самата планета. На TRAPPIST-1 е измерена температура до 230 степени и тоа покажува дека атмосферата и е соголема, веројатно од многу активна ѕвезда.
Затоа шансите за живот на оваа планета се многу мали.