Вчеравечер во Лондон се одржа премиерата „Топ ган: Маверик“, а Том Круз дојде во друштво на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Војвотката повторно воодушеви со гламурозниот изглед на црвениот тепих. Таа носеше црн фустан од дизајнерот Роланд Мареј и обетки во вид на ѕвезди, со минималистичка шминка. Во јавноста, пак, фустанот на војвотката го споредија со црниот фустан со бела машна кој во првата сезона на тинејџерската хит-серија „Беверли хилс“ го носеа Кели и Бренда.
Вниманието ги привлекоа и мокасините на Вилијам, на кои беше извезен бело-син авион, кој потсетува на оној користен во оригиналниот „Топ ган“ од 1986 година.
Британските медиуми пред еден месец пишуваа дека Кејт и Вилијам имале приватна проекција на „Маверик“, а ја организирал Круз, откако дознал дека британскиот принц е голем фан на филмот. На проекцијата, наводно, освен Вилијам и Кејт, биле уште неколку членови на кралското семејство.