(Галерија) Куќа со поглед на океан, Метју Меконaхи купи вила на Хаваи

(Галерија) Куќа со поглед на океан, Метју Меконaхи купи вила на Хаваи

пред 4 години

Познатиот холивудски актер Метју Меконaхи купи нова куќа на Хаваи за 7.85 милиони долари. Резиденцијата „Капулеху“ е градена по нарачка и има површина од 650 квадратни метри.

Има прекрасeн поглед на океанот и базен широк 20 метри. Местото потсетува на водечките светски одморалишта со пет ѕвезди.

Куќата има шест спални соби, шест комплетно опремени бањи, еден тоалет, канцеларија, медија соба, вински подрум, две гаражи и две крошни за голф коли. Исто така, има и два апартмани, два базени, два надворешни камини, па дури и терен за куглање.

Share
Scroll to Top